220
Рубљата падна денеска за време на главната трговска сесија на Московската берза за повеќе од 8 отсто во однос на доларот и еврото, пренесe ТАСС.
Руската валута во однос на доларот се тргуваше во пад за 8,4 отсто, на ниво од 90 рубљи, додека во однос на еврото потона за 8,8 отсто и се менуваше за дури 101,19 рубљи за евро.