Лидерто на Алијансата за Албанците (АA), Зијадин Села ја повикува владата да се повлече од иницијативата Отворен Балкан се додека Србија не се дистанцира од Путин.
-Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина,Истиот ден, во изопачен потег, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи го примија српскиот министер за надворешни работи Селаковиќ во Скопје за да разговараат за спроведувањето на Отворениот Балкан. Со Србија која толку отворено соработува политички и економски со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Путин на Западен Балкан. Ова не смее да се случи! Затоа ја повикувам владата веднаш да се повлече од иницијативата Отворен Балкан се додека Србија не се дистанцира од Путин и продолжи да ја поткопува независноста на Косово, пишува Села на својот Фејсбук.