Мила Јововиќ, актерка и супермодел родена во Киев, рече дека е „распарчена на две“ од ескалацијата на конфликтот во нејзиниот роден град.
Нејзината изјава, споделена на нејзината страница на Инстаграм, беше одговор на украинската инвазија наредена од рускиот претседател Владимир Путин и започна во раните утрински часови во четвртокот, 24 февруари, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат големите градови, па дури и земјата, пишува „Мирор“.
„Скршено ми е срцето и знемам зборови, обидувајќи се да го асимилирам она што се случува во мојот роден град во Украина“, вели актерката.
Таа е родена во семејството на српскиот лекар Богдан Јововиќ и руската актерка Галина Логинова на 17 декември 1975 година. Тие се преселиле во Лондон, а во 1981 година во Сакраменто, Калифорнија, од каде што се преселиле во Лос Анџелес.
„Мојата земја и мојот народ се бомбардирани. Моите пријатели и роднини се кријат. Мојата крв и моите корени потекнуваат и од Русија и од Украина. Распарчена сум на два дела додека гледам како се одвива ужасот, уништувањето на земјата, раселувањето на семејствата, цел живот како да лежи на јагленисани остатоци околу нив“.
Таа раскажа и за „траумата и теророт“ што ги доживеале нејзините роднини по татко за време на војната во поранешна Југославија.
Мила се приклучува на листата на познати личности кои се изјаснија против инвазијата, како што се Мадона, Кајли Џенер, Пинк и многу други.
Таа има три ќерки од нејзиниот сопруг Пол Вилијам Скот Андерсон.