Започнаа преговорите меѓу руската и украинската делегација во Белорусија.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски соопшти во текот на вчерашниот ден, дека разговарал со Александар Лукашенко. По разговорот, „паднал” договор за состанок на украинска делегација со руска, без предуслови, на украинско-белоруската граница, близу реката Припјат.
Лукашенко презел одговорност за обезбедување „сите авиони, хеликоптери и проектили, стационирани на белоруска територија, да останат на земја за време на патувањето, разговорот и на враќањето на украинската делегација”.
На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин го соопшти почетокот на руската инвазија врз Украина.