Случај „Титаник“: Јанакиески и Јанкулоска осудени на затвор

од Берта Китинска
327 прегледи

Обвинетите за случајот „Титаник“ денеска добија затворски казни и покрај тоа што претходно признаа вина.

Мартин Протуѓер доби условна казна затвор. Миле Јанакиевски доби казна затвор од 4 години и 6 месеци.Гордана Јанкуловска која беше министерка за внатрешни работи е осудена на 2 години и 6 месеци. Билјана Бришковска доби условна казна. На Катерина Веловска и е изречена условна казна.

Првообвинет за овој случај е поранешниот премиер кој е во бегство Никола Груевски,воедно обвинети и други поранешни фукционерикако поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко. На списокот обвинети се и Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.

Слични содржини