Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

од Vladimir Zorba
442 прегледи

Заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка со поддршка од Град Скопје е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.

Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните.

Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градски парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците бидејќи и тие се дел од семејството.

Слични содржини