346
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им препорача на меѓународните спортски федерации на спортистите од Русија и Белорусија да им биде забрането да се натпреваруваат поради инвазијата на Украина.
Извршниот одбор на организацијата во соопштението од понеделникот рече дека во случаи кога е невозможно да се спречат спортистите да учествуваат, тие треба да бидат спречени да го прават тоа под името Русија или Белорусија.
„Не смеат да бидат истакнати национални симболи, бои, знамиња или химни“, се додава.