Секогаш даваме предност на дипломатијата. Ова е агресија која не може и не смее да биде поддржана од ниту една влада во светот, вели поранешниот градоначалник и заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во емисијата „24 анализа“.
Според него, нема да биде во лесно со преговорите меѓу двете земји.
-Москва сака што повеќе територија да заземе. Останува да се надеваме дека ќе престане. Последиците дополнително ќе ги почувствуваат Русите. Путин сака подобра позиција за да преговара. Не очекувам ова преку ноќ да заврши, вели Жерновски.
Тој појаснува дека ова се работи кои до вчера беа незамисливи.
-Путин постигна единство меѓу европските земји и ЕУ и САД. Германија еве веќе вложува повеќе пари во армијата, ЕУ дава пари на земја која не е дел од блокот, во Русија има голем број демонстрации. Ова е почеток на крајот на Путин, но ќе ја видиме цената која ќе ја плати, додаде Жерновски.