Путин се однесува како мафијаш и ќе биде поразен, вели Тачи

од Nikola Popovski
407 прегледи

Владимир Путин е олицетворение на антицивилизацијата и ќе биде поразен. Тој се однесува како мафијаш, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој појаснува дека ова што се случува во Украина е војна на Западот против антицивилизацијата.

-На крајот Путин ќе загуби. Западот е сериозно решен да стави крај на ова. Не знам дали ова го кажал Мајаковски или Достоевски, но денеска не се истите оние Руси од времето на царска Русија, со култура, со уметност. Кај денешните Руси преовладува неморал, блуд, атеизам, вели Тачи.

Слични содржини