Сателитските снимки направени денеска покажуваат дека руските копнени сили продолжиле да се приближуваат кон главниот град на Украина со воен конвој кој се протегал на 27 километри, пренесува Ројтерс.
Според снимките од приватната американска компанија „Maxar Technologies Inc“, конвојот се движи по источниот раб на аеродромот Антонов и содржи стотици оклопни возила, тенкови, артилерија и возила за логистичка поддршка. Нејзината дестинација е главниот град на Украина, Киев.
Russian convoy heading towards #Kyiv is now stretched out over at least 17 miles, w breaks in between. 2-3 rows deep in some areas. 20miles north of Antonov Airport. Unclear if it will head straight for the city or join forces w other troops first. @maxarhttps://t.co/rksXuEN6ik pic.twitter.com/TCauWGueZe
— Christoph Koettl (@ckoettl) February 28, 2022
Во меѓувреме, Украинската служба за специјални комуникации и информации вечерва соопшти дека околу 20 хеликоптери се движат од територијата на Белорусија кон главниот град на Украина.
-Белорусија соопшти дека 20-тина хеликоптери полетале од територијата на таа земја кон Киев во последните 10 минути, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесува државната украинска агенција Укринформ.