Николоски: Војната во Украина е шок за цела Европа

од Берта Китинска
293 прегледи

Да ми кажеше некој пред 10 години дека во третата декада на 21 век во Европа ќе има војна од овие размери би рекол дека се работи за теорија на заговор, вели во Утрински Брифинг, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека сите биле изнендени од ескалацијата на ситуацијата меѓу Русија и Украина.

-Ова е шок за цела Европа и говри колку во еден дел цивилизацијата оди напред, а во другиот заостанува, вели Николоски.

Во врска со тоа како ќе влијае оваа состојба на преговорите меѓу Бугарија и С.Македонија тој напоменува дека во овие моменти потреба е обединетост.

– Треба да сме свесни колкаво силно руско влијание има во Бугарија континуирано.Тргнете од јазикот и неговата кодификација, важно е да се спомене дека Русија бирала партнери на Балканот кои не се во Скопје, туку во Атина, Софија и Белград.Гледаме што се случува и со министерот за одбран во Бугарија кој добива поддршка од претседателот.Затоа потребна ни е обединетост, и ние како партија велиме дека е потребно ако Бугарија бара да ставиме гаранции тогаш и ние тоа треба да го побраме од нив, вели Николоски.

Слични содржини