Турски фудбалер одби да носи маица со натпис „Стоп за војната“, причината ги запрепасти сите!

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Турскиот фудбалер Ајкут Демир одби да облече маица на која пишуваше „Стоп за војната“, посветена на поддршката на Украина за време на руската воена операција, што го привлече вниманието на светската јавност.

Овој момент се случи во пресрет на второлигашкиот натпревар од турското првенство помеѓу Езурумспор и Анкарагучу.

Сите останаа запрепастени и збунети, но фудбалерот познат по своите контроверзни настапи ги објасни мотивите за овој потег.

„Илјадници луѓе умираат секој ден на Блискиот Исток. Сите молчат и го игнорираат тоа бидејќи тоа не се случува во Европа“, рече Демир и додаде:

„Не се чувствував удобно да ја носам таа маица бидејќи не е направена за споменатите земји кои со години војуваат. Јас сум против сите војни во светот бидејќи во нив гинат невини луѓе, но прво треба да ги осудиме сите војни кои веќе се водат. Тажен сум дека луѓе умираат и ја споделувам болката со невините“, рече Демир.

Демир е роден во Холандија, но речиси целата сениорска кариера ја помина во Турција. Можеби најдлабоката трага ја остави во Трабзонспор, каде направи и контроверзни потези: го удри соиграчот Марко Марин, не ја пееше химната итн…