Јоханис: Романија го поддржува пристапот на Украина во ЕУ

од Milan1
205 прегледи

Романија целосно го поддржува пристапувањето на Украина во Европската унија, но и Република Молдавија и Грузија, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис.

„Романија целосно го поддржува пристапувањето на Украина, Република Молдавија и Грузија во Европската унија. Местото на овие партнери од ЕУ е во европското семејство, а Романија ќе направи се за ова да стане реалност“, напиша Јоханис на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека потпишал официјално барање за пристапување на неговата земја во Европската унија, а истовремено ја повика ЕУ преку посебна процедура да овозможи итен прием на Украина.

Слични содржини