Романија не планира да испараќа војници во Украина

За потстување, по конференцијата за Украина во Париз на 26 февруари, Макрон изјави дека земјите-членки размислуваат да испратат копнени трупи во Украина.

од Бети Божиноска

Романија ќе продолжи да ја поддржува Украина како и досега, но нема да испраќа свои војници таму, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис, пренесува ТАСС,

„Војската не може да биде испратена во Украина како дел од НАТО, бидејќи Украина не е членка на алијансата. Романија нема да испраќа војници во Украина. Ние ја поддржуваме Украина на различни начини и ќе продолжиме да го правиме тоа како и досега “, рече Јоханис на заедничката прес-конференција со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ.

За потстување, по конференцијата за Украина во Париз на 26 февруари, Макрон изјави дека земјите-членки размислуваат да испратат копнени трупи во Украина. Иако не беше постигнат консензус на оваа тема, тој го остави ваквото сценарио отворено.

По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.

Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне изјави следниот ден дека присуството на западните трупи во Украина можеби е неопходно за да се обезбедат одредени видови помош, како што се операциите за деминирање и обуката на украинските војници.

Слични содржини