Финскиот парламент денеска заседава: На маса ќе се најде потенцијалното членство во НАТО

од Milan1
206 прегледи

Руската агресија во Украина ја турна финската јавност поблиску од кога било до НАТО.

Финските политички партии денеска ќе се соберат за да разговараат за нападот на Русија врз Украина и улогата на Финска во новиот однос на силите во Европа. Потенцијалното членство на Финска во НАТО исто така ќе биде на маса, изјави вчера премиерката Сана Марин за новинарите.

Тензично расположение во Хелсинки

Расположението во Хелсинки е тензично. Финска ја има најдолгата европска граница со Русија со преку 1.300 километри, но не е дел од воен сојуз. Земјата е близок сојузник на НАТО, но досега има мал апетит за влез во клубот, пишува „Политико“.

„Многу е разбирливо што многу Финци се променија или се предомислуваат откако Русија почна да води војна против Украина“, рече Марин.

Финците оценуваат „која е границата што Русија ја помина, а која е границата што Русија нема да ја помине… И ако Русија ја премине линијата, дали ќе се соочиме со неа сами или заедно со другите“, рече Марин. Таа не го коментираше својот личен став за НАТО.

Околу 53 отсто од Финците сакаат да влезат во НАТО

Истражувањето на финската телевизија покажа дека 53 отсто од Финците го поддржуваат влезот на нивната земја во НАТО. Таа бројка се искачи на 66 отсто доколку и соседна Шведска влезе во НАТО. Ова означува драстична промена во ставовите на јавноста, во претходната анкета од 2017 година, само 19 отсто од Финците го поддржаа членството во НАТО.

Граѓанската иницијатива за одржување референдум за тоа дали Финска треба да се приклучи на НАТО ги собра потребните 50.000 потписи за помалку од една недела, принудувајќи го парламентот да расправа за тоа.

Во потег што премиерот Марин го нарече „историски“, Финска објави дека и нуди оружје на Украина.

„Финска силно ја поддржува независноста и суверенитетот на Украина. Финска ќе и понуди оружје на Украина и помошта ќе биде доставена брзо. Оваа одлука нема да ја загрози националната одбрана“, рече Марин.

Слични содржини