Се обидуваат да го избркаат Роналдо во Манчестер, но не знаат како!

од Vladimir Zorba
380 прегледи

Кој можеше да го очекува ова … Кристијано Роналдо му прави голем проблем на Манчестер Јунајтед.

Најнезадоволен е тренерот Ралф Рангник, кој Роналдо не може да го вклопи во неговите идеи за фудбалот во кој основната идеја е високиот притисок, а се чини дека кога ќе стане директор на лето – ќе бара човек со слична филозофија.

Засега најмногу се споменуваат Маурисио Почетино и Ерик тен Хаг, па време е да почне да го подготвува теренот за нив.

Рангник го губи трпението со Роналдо бидејќи на последните десет натпревари постигна само еден гол, имаше преселби на клупата, но проблем му прават и други напаѓачи.

Единсон Кавани постојано се повредува, Мејсон Гринвуд е суспендиран до целосно расветлување на случајот со насилството врз девојката, па очекувањата од Кристијано Роналдо се исклучително големи, но Португалецот не може да ја врати старата форма, што повторно е можеби премногу за очекување со 37 години.

Во текот на февруари Роналдо постигна само еден гол од 28 удари и затоа тренерот сака да се ослободи од него пред следното лето, но има договор за уште една година.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката, но во овој момент, од Кристијано не може така лесно да се реши.