199
Министерката за одбрана Славјанка Петревска денеска во изјава за медиумите истакна дека донацијата за Украина вклучува воена опрема и вооружување, чие побарување било од украинските власти.
Според неа, со ваквата донација, никако не се намалува капацитетот на нашата армија.
„Одлука за испраќање војници во Украина нема и нема да има. Доделивме воена опрема и вооружувања, согласно барањето на украинските власти. Нивното барање беше класифицирано, така што и нашата одлука е класифицирана, кажа Петровска.