200
Во 2021 година, за јануари и февруари, во буџетот се собрани 31,245 милијарди денари. Во тек на јануари и февруари, годинава, во буџетот има 35,620 милијарди денари приход, или 14% повеќе, споредено со минатата година, пишува на својот Фејсбук профил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Секако, ова се само првите два месеци и ќе мораме да почекаме да видиме како ќе се полни буџетот до крајот на годината. Но овој податок е одличен прв инпулс за состојбата на економијата кој покажува дека стопанството е во добра кондиција пост ковид, вели Битиќи.