Клоп: Не можеме да го запреме Путин, тоа е војна на навистина лош човек

од Vladimir Zorba
393 прегледи

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, без влакна на јазикот го „прозва“ рускиот претседател Владимир Путин.

Клоп не го прослави премногу Лига купот, туку почна да зборува за Путин.

„Тоа е вон памет. Имам 54, скоро 55 години и не можам да разберам како еден возрасен може да го доведе целиот свет во таква ситуација, особено луѓето во Украина. Познавам многу Украинци и Руси. Очигледно не се работи за луѓе, тоа е војна на навистина лош човек“, рече Клоп.

„Мораме да покажеме солидарност. Како што е секогаш во темни времиња, потребни ви се моменти кога можете да размислите за нешто. Навистина е тешко да се поднесе, последните три-четири дена или кога и да почна, сите сме на телефон цело време. Моите поранешни играчи веројатно сега се во војна, не знам точно дали сите се вратија дома. Се чини дека не можеме да го запреме Путин, но барем можеме да му направиме повеќе проблеми отколку што очекуваше. Можеби тоа им помага на луѓето во Украина“, заклучи тренерот на Ливерпул.

Слични содржини