Европскиот парламент препорачува Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
Одлуката уследи по говорот на претседателот Владимир Зеленски во парламентот, каде што тој ја повика ЕУ да „докаже“ дека Унијата е со Украина.
Со парламентарна резолуција се бара и Русија да ги повлече сите свои војници од украинска територија.
За резолуцијата гласаа 637 европратеници, со која остро се осудува „незаконската, неиспровоцирана и неоправдана воена агресија и инвазија на Руската Федерација против Украина“, додека 13 гласаа против, а 26 беа воздржани.
⚡️BREAKING: European Parliament recommends giving Ukraine EU candidate status.
The decision follows President Zelensky’s speech, where he called on the EU to “prove” that the union is with Ukraine. The resolution also demands that Russia withdraws all its troops from Ukraine.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 1, 2022
Европратениците, исто така, привлекоа внимание на улогата на Русија во Западен Балкан и посочија дека непочитувањето на санкциите на ЕУ од страна на Србија ѝ штети на нејзиниот пристапен процес.