Пет лица загинаа во нападот на телевизиската кула во Киев

од Nikola Popovski
178 прегледи

Во воздушниот напад врз телевизиска кула во Киев загинаа пет лица, а пет беа повредени, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.

Службата во првиот извештај навела дека емитувањето на програмата било прекинато и дека во нападот била погодена опремата на кулата висока 385 метри.

По експлозијата, од основата на кулата се издигал густ чад.

Според градоначалникот на Киев, Владимир Кличко, кулата била погодена од два проектила.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека некои украински ТВ канали извесно време нема да работат по нападот на ТВ кулата.

Ракетниот напад се случи неколку часа откако руското Министерство за одбрана објави дека „ќе ги таргетира објектите на Тајната служба на Украина и Центарот за информации и психолошки операции во Киев“.

Во понеделникот во градот загинаа 11 лица.

Слични содржини