РАКЕТИРАН МУЗЕЈОТ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО КИЕВ, Зеленски: Историјата се повторува!

од Nikola Popovski
538 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави на Твитер поради ракетниот напад врз Меморијалниот центар на холокаустот Бабин Јар во Киев.

Тој меморијален центар е изграден на најголемата масовна гробница во Европа, каде нацистите убиле повеќе од 33.000 Евреи за само два дена во 1941 година.

– Која е поентата да се каже „никогаш повеќе“ 80 години, ако светот молчи кога на истото место во Бабин Јар паѓа бомба? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува…, напиша тој на Твитер.

Оваа информација ја потврди и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак.

– Во моментов е во тек силно бомбардирање. Проектилот го погодил местото каде што се наоѓа меморијалниот комплекс Бабин Јар! Уште еднаш, овие варвари убиваат жртви на Холокаустот!, напиша тој на својот Твитер.

Слични содржини