Блинкен бара исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН

од Nikola Popovski
253 прегледи

Во своето обраќање пред Советот за човекови права на Обединетите нации, американскиот државен секретар Ентони Блинкен го доведе во прашање членството на Русија во тоа тело.

„Можеме разумно да се запрашаме дали на една земја-членка на ОН, која се обидува да преземе друга земја-членка на ОН и во исто време врши ужасни кршења на човековите права и предизвикува огромни хуманитарни страдања, треба да и се дозволи да остане во овој Совет“, рече Блинкен, пренсе Би-би-си.

„Мораме силно и недвосмислено да го осудиме обидот на Русија да ја собори демократски избраната влада и нејзиното грубо кршење на човековите права“, вели Блинкен.

Блинкен зборуваше и за „репресијата на Кремљ во границите на Русија, затворање на организации за човекови права, малтретирање активисти и политички противници“, пренесува британскиот јавен сервис.

Слични содржини