ХРВ: Русите го гранатираат Харков со касетни бомби

од Nikola Popovski
393 прегледи

Неколку касетни бомби биле фрлени во понеделникот врз Харков, вториот по големина град во Украина, соопшти Хјуман рајтс воч (ХРВ).

-Харков е цел на жестоки воздушни напади по руската инвазија на Украина на 24 февруари. Се чини дека Харков вчера беше погоден од касетни бомби во неколку наврати, рече Сем Даберли, шеф на лабораторијата за дигитални истраги на ХРВ.

-Лоциравме снимка од еден од нападите со касетни бомби, што се чини дека покажува цивилни жртви, рече Даберли.

Ројтерс геолоцираше две одделни видеа со татнеж и блесоци над станбениот кварт во градот од 1,4 милиони квадратни метри, но нема оригинални снимки за да се потврди времето и датумот на снимката објавена на интернет во понеделникот.

Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен офицер на британската армија и експерт за биолошко и хемиско оружје, по прегледувањето на снимката изјави дека експлозиите се многу слични на касетните бомби што ги видел во Ирак и Сирија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека обвинувањата дека Русија користи касетни и вакуумски бомби се „лажни вести“. Операциите на Русија, рече Песков, се насочени кон воени, а не кон цивилни цели.

Русија и Украина не се приклучија на Конвенцијата за касетна муниција потпишана од 108 земји во 2008 година, но истото не го стори ниту САД.

Слични содржини