Словенечкиот конзулат уништен во руското гранатирање на Харков

од Nikola Popovski
229 прегледи

За време на руското гранатирање на вториот по големина украински град Харков, словенечкиот конзулат е уништен како „колатерална дипломатска штета“, објави на Твитер шефот на делегацијата на ЕУ во Украина, Мати Масикас. Од Министерството за надворешни работи на таа земја за „Н1 Словенија потврдија дека конзулатот е уништен, но немаа повеќе информации.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Украина, Мати Масикас на Твитер објави дека словенечкиот конзулат е уништен како „колатерална дипломатска штета“ во денешниот руски напад врз Харков.

Министерството за надворешни работи на Словенија подоцна на својот Твитер профил го осуди нападот како „невиден чин на Руската Федерација и агресија врз Украина“.

Сите претставници на Словенија веќе се евакуирани од Украина.

Да потсетиме, руската армија утрото изврши воздушен напад врз вториот по големина украински град Харков. Според досегашните податоци, во нападот загинале најмалку десет лица, а повеќе од 35 се повредени.

 

Слични содржини