ФИФА и УЕФА одлучија да ги суспендираат сите руски клубови и репрезентации од сите натпреварувања до понатамошно известување поради руската инвазија на Украина. Така Русија остана без шанса да оди на Светското првенство во Катар, а додека украинските спортисти не престануваат да повикуваат на прекин на војната, Русите главно молчат.
Најдалеку од сите отиде Виталиј Миколенко, украинскиот фудбалер и дефанзивец на Евертон.
Тој жестоко ги прозва руските фудбалери, а пред се Артем Ѕјуба кој ги брани боите на Зенит од Санкт Петербург.
„Сè додека молчиш како ку*кин син со посрани соиграчи, во Украина се убиваат обични цивили. Ќе бидете затворени во зандана до крајот на животот и што е најважно, до крајот на животот на вашите деца. Драго ќе ми биде за тоа“, напиша Миколенко на социјалните мрежи.
Ѕјуба е капитен и еден од најдобрите играчи на руската репрезентација, па Миколенко смета дека тој треба да се огласи.
Тој е еден од најдобрите фудбалери на руската репрезентација, а Миколенко смета дека тој треба да биде тој што ќе зборува пред сите руски фудбалери и да повика на мир.
Ukrainian footballer launches a blistering attack on Russia's national team for their silence on Putin's invasion https://t.co/o0u6Xqv85S
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 1, 2022