Германија е подготвена во случај на прекин на испораките на руски гас

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека земјата е подготвена во случај Русија да престане да извезува гас во Германија.

Запрашан што би направила Владата доколку Русија престане да извезува гас, тој рече: „Ние сме подготвени за тоа. Нема опасност за тековната зима и лето“, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека идната зима ќе бидат преземени дополнителни мерки, при што во тој контекст ги спомена и планираните нови закони на ниво на ЕУ, кои ќе обезбедат целосни складишни капацитети за гас за зимата.

„Значи, ние исто така преземаме мерки на претпазливост за најлошото сценарио кое сè уште не се случило бидејќи Русите испорачуваат“, рече Хабек.

Тој изјави дека според полошото сценарио, Берлин би можел да ги задржи „електраните на јаглен како резерва, можеби дури и да ги остави да работат“, но дека владата е посветена на среден рок да премине на обновливи извори на енергија.

Слични содржини