СДСМ и ДУИ се тие кои што го блокираат Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
172 прегледи

СДСМ и ДУИ се тие кои го блокираат Собранието и го девалвираат. Го претворија законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси. СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и после со манипулативни соопштенија обвинуваат други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека седум месеци нема пратенички прашања и дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата, дополнувајќи дека СДСМ и ДУИ блокираат донесување на Декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање.

-Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони кои немаат никаква врска со европската регулатива, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Вчерашниот преседан на СДСМ и ДУИ е врвот на нивните недемократски методи. Вчера на 4 минути пред почетокот на пленарната седница вметнаа точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем ова го направија прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кочело процеси во Собранието кои се во интерес на граѓаните, но секогаш гласно ќе критикува и ќе блокира закони кои се во интерес само на мафијата на власт, посочуваат од партијата.