Нови 457 ковид-случаи, 74 се реинфекции

од Nikola Popovski
197 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен – по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија – по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе – по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции.

Регистриран сe 447 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Велес – 34, Куманово – 24, Кавадарци – 18 ,Битола – 15, Прилеп – 14, Дебар – 13, Тетово – 11,Кичево – 10, Струмица – 6, Гевгелија, Штип и Неготино – по 5, Гостивар – 4, Ресен, Кочани и Берово – по 3, Крива Паланка и Радовиш – по 2, Свети Николе, Пехчево и Пробиштип – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Слични содржини