367
Украинското Министерство за одбрана денеска ги повика руските мајки да ги „подигнат“ заробените војници агресори во Киев, пренесува АФП.
Украинските власти, предводени од кабинетот на претседателот Владимир Зеленски, тврдат дека од почетокот на војната во Украина загинале 6.000 руски војници.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое наводно е заробен млад руски војник кој не може да ги задржи солзите додека разговара со мајка си додека локалното население го храни.
🔴Yakalanan bir genç Rus askerinin yerel halk tarafından karnı doyuruluyorken annesi ile konuşuyor ve gözyaşlarını tutamıyor. pic.twitter.com/mXZQRvXYfN
— Conflict (@ConflictTR) March 2, 2022