Зеленски: Секој окупатор нека знае дека нашето не го даваме!

од Nikola Popovski
307 прегледи

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, доцна синоќа се огласи на Фејсбук и испрати силна порака до јавноста.

Имено, тој во објавеното видео порача дека секој окупатор треба да знае дека ќе се соочи со гневот на Украинците.

„Такви што вечно ќе паметат дека ние не го даваме нашето! Украинци! Секој окупатор треба да знае дека тука нема да добие ништо, дека нема никого да окупира. Дури и да се обидат со повеќе воена опрема и повеќе војници, тоа нема да им промени ништо“, рече Зеленски.

Тој понатаму изјави дека окупаторите ќе бидат уништени каде и да тргнат.

„Украинци! Секој окупатор треба да знае дека тука нема да добие ништо, дека нема никого да окупира. Дури и да се обидат со повеќе воена опрема и повеќе војници, тоа нема да им промени ништо“, рече Зеленски.