Барел нафта и долар на највисоко ниво на сите времиња!

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Силниот раст на цената на нафтата продолжи и синоќа, откако руско-украинскиот воен конфликт донесе паника на пазарот и страв од можен недостиг.

Доларот денеска го ажурираше својот историски максимум, искачувајќи се над 115 рубљи.
За само неколку дена порасна и цената на нафтата на светскиот пазар.

Барел нафта е 115 долари за прв пат од 22 септември 2008 година.

Неверојатен раст бележат цените на горивото, нафтата, јагленот, златото и пченицата.

Слободната трговија беше нарушена за време на пандемијата на короната, а рамнотежата на силите во светот се промени. Воените конфликти на стариот континент само придонесоа за раст на цените.

Исто така, во текот на вчерашниот ден цената на гасот во Европа ја надмина бројката од 2.000 долари за илјада кубни метри.

Слични содржини