Руското Министерство за образование објави дека децата во училиштата ширум земјата ќе гледаат онлајн предавање на тема „зошто беше неопходна ослободителната мисија во Украина“.
Предавањето ќе се одржи денеска во 12 часот по московско време, пишува Би-Би-Си.
Ќе слушнат „за опасноста што ја претставува НАТО за нивната земја“
Децата ќе слушнат „за опасноста што НАТО ја претставува за нивната земја“ и „зошто Русија застана во одбрана на цивилите во Доњецката и Луганската народна република“.
Министерството за образование на Фејсбук објави дека децата исто така ќе научат „како да ја разликуваат вистината од лагата меѓу мноштвото информации, фотографии и видеа кои денес го преплавуваат интернетот“.