Трајанов: Уставниот суд функционираа под притисок на партиите, неопходни промени при изборот на судии

од Берта Китинска
234 прегледи

Демократскиот сојуз смета дека треба да се создадат услови за работа на Уставниот суд, преку избор на судии, но тоа треба се одвива во транспарентна постапка и утврдени критериуми, вели Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз.

Тој посочува дека нема конкурс или јавна објава за избор на судии, за да можат заинтересираните да се пријават

-Судија на Уставниот суд може да биде истакнат правник, без да се објасни врз основа на кои критериуми се дефинира истакнат правник, понатаму нема други критериуми, професионално искуство, степен на образование или специјализација (правосудениспит, магистер, доктор на науки и сл.), објавени научни трудови и други мерливи критериуми.Нема постапка кои кандидати и како ги утврдува и предлага Судскиот совет, Комисијата за избори и именување при Парламентот и Претседателот на Македонија, вели Трајанов.

Прстеникот вели дека досега повеќето од судиите се предлагаат од партиите, при што изборот зависи од партиите кои го прават парламентарното мнозинство.

-Уставниот суд во изминатите триесет години функционираа под притисок и диктат на партиите, поради што се неопходни промени при изборот и истиот да се одвива во транспарентна постапка и врз основа на цврсти и јасни критериуми.За поставеноста и работата на Уставниот суд треба да се донесе закон, а не тој да работи врз основа на деловник.Уставниот суд е” чувар “на Уставот и слободите и правата на граѓаните.Платата на судија на Уставен суд е близу двојно поголема од платата на пратеник и повисока од платата на премиерот и министрите, но заостанува во однос на платата на уставните судиите од соседните држави, вели тој.

Слични содржини