Путин до Макрон: Продолжуваме со операцијата во Украина до демилитаризација

од Nikola Popovski
221 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија има намера да ја продолжи бескомпромисната борба во Украина, соопшти Кремљ деталите од телефонскиот разговор.

Како што се наведува, Путин му дал на Макрон „аргументирани објаснувања во врска со улогата на неонацистите во државната политика на Киев“.

„Русија не сака да ја продолжи бескомпромисната борба против националистичките паравоени сили кои вршат воени злосторства, вклучително и распоредување на воена опрема во станбени области користејќи го цивилното население како штит“, се вели во соопштението.

Путин повторил дека условите на Русија во преговорите се демилитаризација на Украина и нејзиниот неутрален статус, за да нема опасност за Русија од нејзина територија.

Путин посочил дека во секој случај ќе бидат исполнети сите задачи на специјалната воена операција и дека обидите на Киев да добие време со одложување на преговорите само ќе доведат до појава на дополнителни барања во преговарачката позиција на Русија, пренесе ТАСС.