Зеленски го повика Путин на разговор и побара од НАТО да испратат авиони

од Nikola Popovski
258 прегледи

За време на најновата прес-конференција, украинскиот претседател Владимир Зеленски апелираше до западните сојузници, барајќи од нив да им испратат борбени авиони.

– Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш дајте ми авиони. Доколку нас не нема повеќе, следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија, рече тој.

Овие земји се членки на НАТО пактот, што значи дека доколку Русија изврши инвазија на една од овие земји, веднаш би била во војна со сите членки на Алијансата.

Зеленски рече дека единствен начин да се стави крај на оваа војна се директни разговори со Владимир Путин.

-Ние не ја напаѓаме Русија и немаме намера да ја нападнеме. Што сакате од нас? Оставете ја нашата земја, рече тој.

Тој побарал од Путин да седи со него, но не на 30 метри како со Макрон, алудирајќи на преговорите со западните претставници што тој неодамна ги водеше на долгата маса.