Зеленски: Не можеме да се откажеме од Украина, секој збор е поважен од пукање

од Nikola Popovski
270 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во разговор со новинарите рече дека се подготвени за разговори, но дека за некои работи нема компромис.

-Не се работи за услови, се работи за поента позади секое прашање. Спремни сме за разговори за сите точки. Русија одамна ги формираше одговорите на сите прашања. Едноставно верувам дека нема смисла да поставувате прашања ако воопшто имате одговори. Компромис е луѓето да престанат да умираат. Едноставно не можете да се откажете и да кажете: „Ова е ваша земја, Украина е дел од Русија“. Јас сакам да ја запрам војната, поентата е волјата и балансот на нашите договори. Секој збор е поважен од пукање, рече Зеленски пред новинарите.