Предупредување од Русија до странските платеници: Размислете седум пати пред да заминете за Украина

од Nikola Popovski
335 прегледи

Руското Министерство за одбрана ги предупреди странските платеници кои имаат намера да дојдат во Украина за да учествуваат во борбите на страната на режимот во Киев да размислуваат повеќе од добро за тоа.

„Ги повикувам граѓаните на странските земји кои планираат да одат да се борат на страната на киевскиот националистички режим да размислат седум пати пред да заминат“, предупреди официјалниот претставникот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Конашенков рече дека според меѓународното хуманитарно право, платениците не се редовни борци и немаат право на статус на воен заробеник.

„Она што ги чека во најдобар случај е кривично гонење“, изјави Конашенков.

Слични содржини