Фатен крадец при обид да изврши кражба во црква во изградба

од Берта Китинска
478 прегледи

На 03.03.2022 во 14.00 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква во изградба. Кај него биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Слични содржини