Пензионерите ќе добијат најголемо покачување на пензиите и еднократна помош во наредните три месеци

од Nikola Popovski
339 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва информира дека со пензионерските здруженија договориле нова методологија на усогласувањето на пензиите.

-Пензиите се економска категорија, а не социјална. Ова е еден од најповолните принципи. Се договоривме пензиите да се зголемуваат и со зголемувањето на просечната плата, но и со зголемувањето на трошоците за живот, со што ќе се зголемат просечно за 5,5 проценти. Ова е значајна реформа и со тоа пензиите нема да зависат од владата, рече Ковачевски на прес-конференција пред Владата, потенцирајќи дека ова е долгорочно решение.

-Oва е швајцарски модел , со што усогласувањето ќе се врши два пати годишно, појасни Ковачевски.

Премиерот додаде дека е предвидена од еднократна помош од 1000 денари за пензионерите во наредните три месеци.

 

Слични содржини