Дел од проектил падна во дворот на Зеленски, тврди неговиот портпарол

од Nikola Popovski
221 прегледи

Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека дел од проектил паднал во дворот на летната резиденција на Зеленски.

Никифоров на Фејсбук објави фотографии од дворот на летната резиденција лоцирана во близина на Киев. На фотографиите се гледа неидентификуван метален предмет.

Тој смета дека тоа е најверојатниот фрагмент од ракета.

– Дел од проектилот падна во дворот на претседателската резиденција во Конча Заспа – напиша Никифоров.