Браќата Кличко побарале помош од папата Франциско и од другите големи верски водачи.
„Она што се случува во срцето на Европа допира до срцата на сите ширум планетата, кои сакаат добрина и правда, без разлика на нивното потекло и религија“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во видео пораката на Твитер.
Заедно со неговиот брат Владимир, тој апелираше до верските водачи во светот да заземат став и „гордо да ја преземат одговорноста за своите религии за мир“.
Покрај папата Франциско, браќата Кличко упатија барање до големиот имам Ахмад ал Тајеб и рускиот патријарх Кирил I, Далај Лама и главниот израелски рабин Дејвид Лау. Тој ги повика сите да дојдат во Киев за да ја покажат својата солидарност и сочувство со украинскиот народ.
„Да го направиме Киев престолнина на човештвото, духовноста и мирот“, ги повика Кличко верските водачи.