Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Голден Стејт со 124:116 со рекорд на Леброн Џејмс.
Дури 56 поени со 10 скока и три асистенции постигна Џејмс, кој на паркетот мина 38,33 минути, со шут 19/31 од игра.
Постигна шест тројки од 11 шута, имаше 12/13 од „пенал“ линијата, па добивме историски настап во НБА лигата.
Леброн (37) стана најстариот играч со најмалку 55 поени и 10 скока, тој е првиот играч на Лејкерс со ваков ефект по Шекил О’Нил во 2000 година.
Џејмс е првиот играч во историјата на НБА кој има меч со 50 или повеќе поени пред својот 21 и 35 роденден, па оваа вечер беше посебна за него.
За рекордот, пријателски му честиташе Стеф Кари, стрелецот на 30 поени, а го следеше Пул со 23 поени кај Вориорс.
Од друга страна, Џејмс спектакуларно ја прекина серијата од четири порази.