Со оглед на тоа што руската воена интервенција во Украина навлегува во својот 11-ти ден, денеска се очекува бројот на украинските бегалци да достигне 1,5 милиони.
Бегајќи со возови од зоната на вооружен конфликт, илјадници исцрпени и исплашени жени и деца пристигнаа во Л`вов во западна Украина, а украинските железници ангажираа дополнителни возови за да бидат превезени од зоната на жестоки вооружени битки на истокот на земјата, пренесе Ројтерс. .
Во меѓувреме, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин оцени дека санкциите на Западот и изолацијата на Русија се слични на објава на војна.
Израелскиот премиер Бенет, кој вчера отпатува за Москва, стана првиот светски лидер кој се сретна со Путин лице в лице од почетокот на конфликтот во Украина.
По средбата во Кремљ, Бенет се сретна и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, обидувајќи се во координација со САД, Франција и Германија да посредува за завршување на војната.
Кремљ објави дека претседателот Путин денеска ќе се сретне и со Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, која е членка на НАТО и дели поморска граница и со Украина и со Русија.
Во другите вести, Киев објави дека третата рунда разговори за прекин на огнот со Русија ќе се одржат утре.