Де Ниро за Украина: Мора да направиме нешто и да ја запреме ваквата агресија

од Vladimir Zorba
919 прегледи

РОБЕРТ ДЕ НИРО го коментираше нападот на Русија врз Украина.

„Не можам да го замислам овој свет во таа состојба. Затоа мора да направиме нешто и да ја запреме ваквата агресија. Демократијата е патот што треба да го одиме за да го одржиме светот разумен и умерен. Тоа е толку едноставно. Не станува збор ни за демократија, се работи за правиот или погрешниот начин, за борбата за вистината“, изјави актерот за време на настапот пред студентите на Универзитетот Кембриџ, пренесе Би-Би-Си.

Тој вели дека е ужасно да се биде свесен за фактот дека има луѓе кои им се закануваат на другите со нуклеарно оружје и покрај фактот дека неговото активирање значи дека никој нема да преживее.

Актерот додаде дека се плаши од фактот дека војната во Украина може да трае.

„Се плашам дека тоа што се случува ќе продолжи. И дека луѓето би можеле само да се навикнат на фактот дека некој штотуку ја поробил Украина со сила. Луѓето едноставно треба да имаат повеќе права и посилна позиција од која ќе влијаат на потезите на моќниците“, додаде тој.

Слични содржини