Протестен марш во Скопје против војната во Украина

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организираше протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

– Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач, истакна претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија, Александар Урбанович, на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.