При посета на еден маркет министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека забележал поскапување на одредени производи.
Тој најави дека ќе се воведат и нови мерки кои ќе спречат ценовен шок, но не откри какви. Ограничените маржи ќе останат на сила се додека не се стабилизираат цените.
-За одредени производи во склоп на одлуката има намалување, а за одредени има зголемување затоа ДПИ утре ќе достави извештај и тие што има потврда дека има зголемување, а не зависи од трговците на големо и на мало ние ќе донесеме дополнитени олеснителни мерки се со цел граѓаните да не плаќаат повисоки цени, Бектеши, министер за економија
Тој во однос на шекулациите дека во маркетите се празнат рафтови, а трговците со нафта и нафтени деривати чуваат резерви со цел да ги продадат по повисоки цени, рече дека инспекциите постојано вршат контроли и оти нема простор за паника.
– Имајќи го предвид капацитетот на Пазарниот инспекторат ние донесовме дополнителна одлука да се вклучи финансиската полиција и Управата за јавни приходи, се со цел да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат контроли. Инспекциите се вршат и во сабота и во недела. Утре ќе имаме координација со сите кои вршат контрола и ќе ја известиме јавноста во делот на наодите. Колку што имам информации, веќе почнале да се полнат сите рафтови на маркетите, нема колони на бензинските пумпи. Нема простор за грижа, не треба да се создава паника, имајќи предвид дека во континуитет во Северна Македонија, сите трговци, сите диструбутери, сите увозници имаат доволно испорака, согласно потрошувачката која е редовна во нашата држава, наведе министерот за економија.
Тој упати апел до граѓаните да купуваат согласно нивните потреби и доколку забележат празни рафтови во маркетите да пријават на 191 за да постапуваат инспекторите.