Путин има еден услов за средба со Украина

од Берта Китинска
243 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговарал со францускиот лидер Емануел Макрон и му рекол дека Русија е подготвена за средба со Украина, но под еден услов, пренесува Кремљ.

Според соопштението на Кремљ, Путин му рекол на Макрон дека нема ништо против средба во формат на МААЕ (Меѓународна агенција за атомска енергија), Русија и Украина, но под услов таа да се одржи преку видео конференција или надвор од Украина и Русија. Рускиот претседател не сака да се сретне со претставниците на Украина во Чернобил, но би се согласил да разговара во трета, неутрална земја.

– Путин го информираше Макрон за состојбата на преговорите меѓу Русија и Украина и изрази подготвеност за продолжување на дијалогот – соопшти Кремљ.

– Во врска со загриженоста на Емануел Макрон во врска со нуклеарната централа на територијата на Украина, Путин детално го информирал за провокацијата на украинските функционери во која учествувала диверзантската група – се наведува во соопштението на Кремљ.