Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува набавка на 100 електрични автобуси, но и фабрика за нивно производство, која би била база за снабдување на европскиот пазар.
„Втората работа која за која што сакам денеска да зборувам е практично голем проект позитивен, инвестиција за Скопје и скопјани, во делот на организираниот превоз. Изминатиот период сериозно работевме на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании кои што произведуваат електрични автобуси, за кои што Градот Скопје а нормално тоа е и дел од изборната програма и ветувања на независниот кандидат, градоначалник Данела Арсовска, а тоа е да може Скопје да биде лидер по оваа технологија и во градскиот превоз на Балканот, а зошто да не и во Југоисточна Европа а тоа се набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси кои што од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче. Што значи дека исклучително голем број на штетни гасови кои што сега за жал ја дишат скопјани ќе биде елиминирана со имплементирање на овие нови електрични автобуси. И за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители“, посочи Мицкоски.
ОД СДСМ бараат одговор од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во кое својство и во чие име има најава дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје?
-Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси?Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за „она на М“?За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите, велат од СДСМ.
Оттаму велат дека Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, и како што велат да глуми заменик градоначалник.
-Факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо, веат од владејачката партија.