Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска ги оцени како „многу веродостојни“ извештаите за „воените злосторства“ извршени од Русија во Украина.
„Видовме многу веродостојни информации за намерни напади врз цивили кои би претставувале воени злосторства“, изјави Блинкен за американската телевизиска мрежа CNN, додавајќи дека САД ги проверуваат тие информации.
Блинкен, кој денеска е во посета на Молдавија, оцени дека „војната може да трае уште некое време“ и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е „осуден да загуби во Украина“.
„Да се добие една битка не значи да се победи војната. „Освојувањето на градот не значи дека тој (Путин) ги освојува срцата и душите на украинскиот народ“, рече Блинкен, додавајќи дека украинскиот народ покажал дека нема да дозволи Путин или Русија да ги потчинуваат и да управуваат со нив.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари.